Лига на шампиони

Кокшаров: Ова е нашата реалност во моментов

Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров вели дека ова е реалноста на тимот во моментот, се надева дека следната година ќе биде подобро. 

Вардар доживеа уште еден тежок пораз во Лигата на шампионите откако на свој терен загуби од Веспрем со 38:29.
 
„Честитки за екипата на Веспрем за победата и коректната игра. За жал ова е нашата реалност во моментов. Сега ќе го чекаме вториот дел од сезоната, се надеваме дека ќе се комплетираме и ќе бидеме подготвени за другиот дел од сезоната во Лигата на шампионите“, изјави Кокшаров по мечот.
 
Денеска најдобар од голманите беше младиот Васил Гогов кој бранеше во второто полувреме и имаше четири интервенции.
 
„Честитки за Веспрем, направија разлика на стартот и ја чуваа до крајот. Не успеавме да се реваншираме за поразот во Унгарија. Се надевам дека ќе ни се вратат повредените ракометари ќе бидеме подготвени за втората полусезона“, изјави Гогов.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе