Лига на шампиони

Кокшаров: Играчите дадоа сѐ од себе, сакавме да победиме, но задоволни сме со бод

Тренерот на Вардар, Кокшаров е задоволен од изданието на неговите ракометари кои и покрај сите проблеми кои ги имаа со повреди одиграа одличен меч, имаа шанса и за победа, но не успеаа. 

Вардар одигра реми против Кјелце, европскиот шампион имаше напад за победа, но не успеа. Сепак впечаток е дека ракометарите го извадија максимумот од себе во моментов.
 
„Играчите дадоа сѐ од себе, им се заблагодарувам за тоа. Имаме проблеми со повреди, но тие што беа на теренот дадоа сѐ од себе. Сакавме пред својата публика да одиграме најдобро што можеме и да и донесеме победа на нашата публика, но игравме без бекови и мислам дека на крајот можеме да бидеме задоволни со бодот кој може да се покаже како многу значаен“, вели Кокшаров.
 
Слично е мислењето и на Данил Шишкарев.
 
„Овие играчи кои беа на терен дадоа сѐ од себе, скавме да победиме, но сите натпревари против Кјелце се тешки. И двете екипи покажаа дека имаат карактер и до самиот крај одеа на победи. Сакам да им се заблагодарам на публиката која не држеше во мечот и ни даваше сила. На крајот имавме шанса да победиме, но се случи што се случи. Сега ќе се подготвуваме за мечот во Кјелце каде што ќе одиме на добар резултат“, изјави Шишкарев.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе