КЛ7 Струга го освои третото место на финалниот турнир за младинци во Охрид

Најмладиот состав на завршниот турнир во младинската лига се закити со бронза, КЛ7 Струга во борбата за третото место убедливо го победи градскиот ривал РК Струга.

КЛ7 Струга на фајнл-фор турнирот од младинската лига кој се одржа во Охрид имаше убедливо најмлад состав и освоеното трето место е показател дека екипата се движи во вистинска насока.
 
Во натпреварот за бронзениот медал, тимот на КЛ7 Струга имаше тотална доминација, нивниот ривал од истиот град го имаше само почетното водство од 1-0, но брзо следуваше пресврт. КЛ7 водството не го испушти до самиот крај, како одминуваше мечот така предноста се зголемуваше за на крајот да слават со убедливи 31:21.
 
Симоноски со 10 погодоци беше најдобар стрелец во составот на КЛ7, Џигероски постигна седум, одличен на голот беше Петрески.
 
Во финалето во исклучително драматичен натпревар, Металург со 31:30 го победи домаќинот Охрид и стана младински шампион.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе