КЛ7 организира младински турнир на кој ќе учествуваат најдобрите македонски клубови и ПИК Сегед

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 година ќе биде организатор и домаќин на меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020". 

На истиот ќе учествуаат 8 екипи од 5 ракометни клубови од Македонија и странство, домашните брендови РК "Вардар, РК "Металург", РК "Еурофарм Пелистер" и вице шампионот на Унгарија РК "ПИК Сегед" кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.
 
Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат: 
 
-          Ракометен клуб КЛ7,
-          Пик Сегед (Унгарија),
-          Ракометен клуб Еурофарм Пелистер,
-          Ракометен клуб Металург.
 
Во втората категорија (2004 и помали) ќе се натпреваруваат: 
 
-          Ракометен клуб КЛ7,
-          Пик Сегед (Унгарија),
-          Ракометен клуб Металург,
-          Ракометен клуб Вардар. 
 
Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Со учеството на турнирот на унгарски ПИК Сегед и официјално стартува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи кој е формиран во далечната 1961 година. Истата ќе се состои и во размена на гостувања, нивни кај нас, наши таму, едукација на тренери, учество на кампови и слично со една цел напредување и усовршување на младите ракометари на патот кон создавањето на врвни играчи.
 
Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе