Кјелце и Веспрем одиграа исклучително ефикасен и возбудлив натпревар кој на крајот му припадна на полскиот тим со два гола разлика.
Двете екипи имаа по едно свое полувреме. Првото полувреме му припадна на Веспрем кој на паузата имаше предност од 18-16, но во вториот дел Кјелце брзо ја надополни негативата, дојде до водство кое не го испушти до крајот и славеше со 37-35.
Морито и Шмид дадоа по осум голови за Кјелце, во составот на Веспрем по седум пати погодија Ненадиќ и Штрлек.
Кјелце во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Кил и Барселона.