Неочекуван трансфер

Кизиќ се сели од Вардар во Пелистер, потпиша тригодишен договор со Еурофарм (ФОТО)

Голманот на Вардар, Марко Кизиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер откако стави потпис на договор со битолскиот тим. 

Изненадувачки трансфер, младиот македонски надежен голман, Марко Кизиќ од Вардар се сели во ривалот Пелистер.
 
„Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.
 
Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната.
 
Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.
 
Вардар за следната сезона го договори Мартин Томовски, а заминувањето на Кизиќ значи дека во клубот ќе останат Борко Ристовски и Робин Кантеграл.
 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе