Капитенот на Македонија среќен и горд со подвигот на црвено-црните

Кире Лазаров: Вардар испрати моќна порака, дека сè е можно и треба да се верува во чуда!

Капитенот на Македонија, Кире Лазаров, го прокоментира успехот на Вардар во Келн и новата титула во Лигата на шампионите, вели дека младите спортисти треба да учат од подвигот на црвено-црните.

Триумфот на Вардар во Келн одекна како бомба во ракометна Европа. Шампионот на Македонија имаше големи финансиски проблеми, постојано беше посочувак како аутсајдер, но во саботата најпрво ја шокираше Барселона, а потоа во неделата го фрли и Веспрем на колена.

Честитки за успехот пристигната од сите страни, а порака испрати и капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров.

„Ова е бајка, приказна за која ќе се зборува со години. Вардар стана симбол дека е возможно и она за што сите велат дека не може да се случи. Вардар стана инспирација на сите луѓе во светот, не само на спортистите туку и на сите аутсајдери, да сфатат дека во животот е најважно да верувате во себе, крваво да работите и да се даде последната капка пот за остварување на соништата. Тие момци, седум или осум месеци немаат земено плата. Лесно е сега да се правиме паметни, но вистинската приказна можат да ја раскажат само оние кои живееле и работеле во такви услови. Пред две години, кога за прв пат станаа шампиони на Европа, Вардар имаше навистина силен тим, беа и финансиски моќни и не беше изненадување тоа што седнаа на тронот на Европа. Она што сега се случи е нешто сосема друго. Пред почетокот или во текот на сезоната си отидоа неколку играчи кои беа носители на играта како Циндриќ, Штербик, Борозан...“ - вели Кире Лазаров.

„Вардар испрати моќна порака до младите спортисти, дека нема оправдување и дека ниту едно алби не важи. Нема оправдувања од типот на не чини управата, нема пари, соиграчите се вакви или такви, противниците имаат поголем буџет и поквалитетен состав. Вардар докажа дека сè е можно и нивната приказна мора да биде патоказ за сите млади луѓе дека треба да се верува во чуда. Не ми се верува како во тие месеци кога се пишуваше дека нема пари, дека клубот се распаѓа, не настана ниту една караница, како не се наруши хемијата во соблекувалната. Напротив, сите што се дел од клубот уште повеќе се зближија. Таквиот карактер им ја донесе титулата“.

„Во животот имам освоено многу трофеи, но ретко кога сум бил волку среќен. Јас сум Македонец и горд сум што македонски клуб испиша една ваква спортска бајка“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе