НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО КАРИЕРАТА

Кире Лазаров се сели во Франција, Македонецот две години во Нант!

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров постигна согласност со амбициозниот Нант за две годишен договор и по крајот на сезоната ќе се пресли во Франција

Договорот на десниот бек со Барселона исекува летоска, па подолго време кружеа гласини за иднината на капитенот на „Црвено-жолтите“.

Кире Лазаров имаше понуда од „Каталонците“ за да остане уште една сезона, но тој на крајот реши кариерата да ја продолжи во Нант, со кого постигна согласност за две годишен договор.

„Кире Лазаров, десниот бек на Барселона и капитен на Македонија, потпиша за Нант” – гласеше соопштението на клубот.

„Тој ќе го носи дресот на Нант до 2019”.

За новата авантура, Македонецот рече: „Задоволен сум што постигнав согласност зо Нант. Со нетрпение чекам да му се приклучам на овој амбициозен клуб кој продолжува да бележи прогрес”.

„Задоволен сум што ќе играм во едно од најдобрите првенства и ќе настапувам во Лигата на Шампионите”.

„Ги гледав натпреварите на Нант и ми се допадна начинот на кој игра тимот! Ова е возбудливо ново поглавје во мојата кариера!”

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе