Голем удар за македонската репрезентација

Кире Лазаров се повреди, нема да игра на Европското првенство!

Кире Лазаров ќе ја има улогата на селектор, но не и на играч откако на вчерашниот тренинг заработил повреда поради која нема да игра на натпреварите. 

Голем хендикеп за македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров нема да може да настапи на Европското првенство и како играч.
 
„Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А.
Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг.  По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. 
Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч“, стои во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе