Кире Лазаров е ново заштитно лице на Државна лотарија

Државна видеолотарија со задоволство соопштува за најновата соработка со еден од најголемите спортисти во историјата на Македонија. Наше ново заштитно лице е најдобриот ракометен десен бек на светот, Кирил Лазаров. 

Привилегија е да се стане партнер со спортист чии подвизи ги видела цела Европа и ги слушнал целиот свет. Ликот на Кире Лазаров и неговиот професионален пристап кон спортот е симбол на тоа каков однос и ние сакаме да негуваме кон спортот и каква посвета и сериозност треба да има секој во она што го работи.
 
„Задоволство ми е што можам да кажам дека сум ново лице на Државна видеолотарија, се надевам на долга соработка. Секој што се посветува на спортот и што вложува во него заслужува почит и е за поздравување, бидејќи спортот е неизбежен и важен дел од нашето живеење. Јас откако знам за себе тоа е мојот начин на живот и затоа им препорачувам, пред сè на младите да се занимаваат, макар рекреативно или, ако ништо друго, да следат спорт. Спортот е пред сè забава, но нè учи и на дисциплина и на одговорност, а тоа се вредности кои ги промовира и мојот нов партнер, Државна видеолотарија“, истакна Лазаров.
 
Од неодамна, тој има нов предизвик, стана селектор на македонската репрезентација, а првиот настап на новата функција ќе го има на 11 март, против Данска во Скопје. Најавува дека почнува една нова епизода не само во својата кариера, туку во македонскиот ракомет
 
„Функција со многу одговорност. Свесен сум за тоа и со многу волја желба и ентузијазам влегувам во овој нов предизвик за мене. Со Македонската ракометна репрезентација  сме во ‘брак’ повеќе од 20години. Се спремам веќе повеќе време за тренерската работа,сакам предизвик во животот. Има многу работа пред нас. Менуваме генерација, а сакаме да останеме на голема сцена. Имам идеа тоа е најважно. Ќе го направиме тоа да биде побезболно, ќе имаме препознатлива ракометна репрезентација со свој идентитет. Едвај го чекам првиот собир“, нетрпеливо најави Лазаров.
 
 
Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно“, Државна видеолотарија го гради идентитетот на корпоративниот бренд кој се темели на сигурност, контрола, квалитет и безбедност во светот на игрите на среќа. Како модерна и одговорна компанија ќе продолжиме да ги негува заложбите за поддршка на спортот, во насока на поттикнување младите да го изберат спортот како свој личен и професионален предизвик.  
 
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно
 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе