Големо признание за Лазаров, тој доби 67 проценти (6.400 гласа) од гласовите и е прогласен за најдобар десен бек на деценијата. Вториот на листата беше Ласло Наѓ кој имаше само 23 проценти, трет е Алекс Душебаев со 10 проценти.
За најдобро лево крило е избран вардаровиот ракометар Тимур Дибиров, а најдобар голман е поранешниот Вардарец, Арпад Штербик.
Тим на деценијата:
Голман: Арпад Штербик
Лево крило: Тимур Дибиров
Лев бек: Микел Хансен
Среден бек: Домагој Дувњак
Десен бек: Кире Лазаров
Десно крило: Лук Абало
Пивот: Бјарте Мирхол
Најдобар дефанзивец: Виран Морос