Супер Глоуб

Кил се испоти со Замалек, но се пласира во полуфиналето на Супер Глоуб

Кил и Ал Вехда се првите полуфиналисти на Супер Глоуб, германскиот тим немаше лесна задача со Ел Замалек но победи со 32:28.

Кил не дозволи да биде изненаден од Ел Замалек кој се покажа во многу солидно издание. Германците беа поуспешни во првиот дел кој го добија со 18:12, но во второто полувреме не тргнаа најдобро. Шампионот од Египет дојде и на минус еден, но не можеше повеќе од тоа. На крајот тимот предводен од Филип Јиха победи со 32:28 и во полуфиналето ќе го чека Вардар кој не би требало да има проблеми со Мудхар.
 
Екберг и Билик постигнаа по девет голови во составот на Кил, кај Замалек Саад и Елдера имаа по шест голови.
 
Претходно Ал Вехда од Саудиска Арабија го победи Таубате од Бразил со 30:26, тие во полуфиналето го чекаат победникот од дуелот меѓу Барселона и Ал Духали од Катар.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе