ЕХФ Куп

Катастрофално второ полувреме, Металург се враќа од гостувањето кај Горење со пет негатива

Металург загуби на гостувањето во Словенија против Горење со 24-19 во третото коло од ЕХФ купот, клубот од Автокоманда одигра катастрофално второ полувреме.

Металург на реваншот пред своите фанови следната недела ќе треба да надополни пет гола негатива доколку сака да игра во групната фаза од ЕХФ купот. Клубот од Автокоманда одигра катастрофално второ полувреме против Горење и од гостувањето во Словенија се враќа со пораз од 24-19.

Избраниците на Кастратовиќ беа подобар противник во првиот дел, имаа и позитива од три гола, а на полувреме се замина со резултат 10-11.

Сепак, Металург лошо го отвори второто полувреме, постигна само два гола за 16 минути, па Горење со серија од 5-0 се одлепи на 19-13. Металург се обиде да се врати во игра, но домаќините не попуштија и на крајот триумфираа со 24-19.

Мартин Серафимов со четири погодоци беше најдобар стрелец во редовите на Металург, Марио Танкоски, Марјан Мариќ и Милан Поповиќ постигнаа по три гола.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе