Лига на шампиони

Катастрофалниот напад во второто полувреме му пресуди на Металург, пораз од Спортинг

Неверојатно лошиот напад во второто полувреме со само шест постигнати гола беше клучен за нов пораз на Металург во Лигата на шампионите, овој пат од Спортинг Лисабон со 31:24.

И на овој натпревар видовме две лица на Металург, одлично прво полувреме и катастрофално второ. Во првиот дел тимот на Данило Брестовац постигна фантастични 18 голови и на одморот замина со предност од еден погодок.
 
Но во вториот дел како да излезе друг тим, Металург постигна три пати помалку голови отколку во првото полувреме, само шест погодоци за 30 минути и поразот беше неминовен. На крајот Спортинг се радуваше на триумф од 31:24.
 
Мартин Томовски имаше одлична вечер, одбрани дури 17 топки, но неговите соиграчи во нападот не го искористија тоа. Најефикасен беше Димитриовски со пет голови, Танковски постигна четири.
 
За Металург ова беше шестиот пораз во седмиот натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона.
 
Во следното коло му гостуваат на Бешикташ кој има само една победа повеќе од македонскиот тим.
 

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе