РК Металург

Кастратовиќ: Металург има добри шанси против Горење

Новиот тренер на Металург, Зоран Кастратовиќ смета дека неговиот тим може да го помине Горење во ЕХФ Купот. 

Металург денеска го доби противникот за третото коло во ЕХФ Купот, се работи за словенечкиот Горење Велење.
 
Новиот тренер на Металург, Кастратовиќ смета дека Горење е тим кој треба да се помине.
 
Горење Велење, слично на Металург, е млада екипа засилена со неколку поискусни ракометари, меѓу кои би го издвоил Давид Миклавчиќ. Ги гледав натпреварите на Горење против Металопластика и сметам дека Металург има добри шанси во овој дуел. Металург како екипа има поголемо меѓународно искуство, стекнато во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата во последните години и тоа е значителна предност“, изјави Зоран Кастратовиќ.
 
Првиот меч се игра во Велење на 16/17 ноември, реваншот е седум дена подоцна.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе