Легендата на Вардар

Карачиќ со многу емоции: Ни беше тешко да го играме овој меч, плачевме кога нè претставуваа!

Игор Карачиќ е легенда на Вардар, ракометарот кој во црвено-црниот дрес се изгради како голем играч со многу емоции ги игра последните натпревари за македонскиот шампион. 

Вечерва беше псоебен натпревар за Вардар, последен во ерата на Сергеј Самсоненко во Лигата на шампионите во Скопје. Ракометарите за последен пат ја почувствуваат големата бучава во салата „Јане Сандански“ и остварија фантастичен резултат против ПИК Сегед.
 
„Вечерва ни беше многу тешко да го одиграме овој меч, уште на почетокот плачевме додека беше претставувањето. Не бев ни свесен што се случува, пред нашата публика во нашата сала“, со многу емоции зборува Игор Карачиќ.
 
Ние, овие момци треба да останеме запишани во историјата на Вардар како момци со голем карактер и со срце, такви какви што и треба на Македонија“.
 
„Благодарам сум и на нашиот тренер, не беше лесно да се наследи Раул. Влезе во тежок период и направи многу силен тим. Направи добра атмосфера, се направи како што треба, даде еден карактер повеќе и му благодариме за тоа“.
 
„Одиме понатаму, не да го браниме резултатот, туку одиме на победа. Овие момците заслужуваат да играат на фајнл-фор“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе