РК Вардар

Карачиќ се сеќава: Самсоненко дојде во соблекувалната и ни рече дека ќе ја освоиме ЛШ, ние му се смеевме

Во интервју за полските медиуми, Игор Карачиќ открива дека никој сериозно не го сфаќал Сергеј Самсоненко кога тој го преземал клубот и им рекол дека ќе ја освојат Лигата на шампионите. 

Игор Карачиќ беше во Вардар и пред клубот да биде преземен од Сергеј Самсоненко, тој е вистинска икона на „црвено-црните“ и добро ги знае сите моменти од доаѓањето на Русинот до денес.
 
„Мислевме дека не знае што зборува, дека е луд! Кога јас дојдов во Вардар, клубот не беше најдобар ни во Македонија, тогаш првак беше Металург. Сергеј дојде во соблекувалната и рече: ‘Ние ќе ја освоиме ЛШ и тоа повеќе од еднаш. Сакам да имам тим како Барселона.’ Ние само се погледнавме мегу себе и многу од играчите се трудеа да не се насмеат. Седум и пол години подоцна неговиот план успеа. Неверојатно“, вели Карачиќ.
 
Тој вели дека Скопје станал не негов втор, туку негов прв град.
 
„Мора да знаете дека Скопје не стана мој втор дом, тоа е мојот прв дом. Од таму ми се најдобрите пријатели, имам девојка, целиот мој живот си го организирав таму. Ми беше супер. По освојувањето на првата титула во ЛШ, сепак, почувствував дека планот е остварен и дека порано или подоцна ќе мора да одам на друго место. Останав во клубот уште две години и по втората победа во Келн, веќе немав сомнеж. Сакав да видам како ќе се снајдам во нови услови“.

Ситуацијата во Вардар минатата сезона беше лоша и покрај големиот успех на тимот, но Карачиќ кој постојано е во контакт со своите поранешни играчи тврди дека работите сега се добри.
 
„Пред почетокот на минатата сезона, ситуацијата беше многу лоша во клубот, па јас Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов се состанавме за да зборуваме за иднината на тимот, за нашата иднина и за парите. Решивме дека мора да му веруваме на Сергеј и ќе останеме во клубот. На следниот тренинг го прашавме секој од играчите дали се согласува и речиси одговорија дека остануваат. Само Вуко Борозан си замина, но тоа беше подоцна во сезоната и поради други причини. Си ветивме дека ќе покажеме оти парите не се сè. А останатото – останатото е историја“.
 
„Сега ситуацијата на клубот се подобрува, слушнав дека добро се согласуваат со Сергеј. Можеби тој ќе остане во клубот, не знам. На крајот на краиштата, играчите потпишаа нови договори. Исто така  Мислам дека ќе биде сè во ред со Вардар, му верувам на Сергеј, тој е еден од најдобрите луге што сум ги запознал“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе