Хрватот ги откри финансиските проблеми во Вардар

Карачиќ: Немавме земено плата 21 месец, но во Келн покажавме дека парите не се сè и игравме како деца, за наше задоволство

Игор Карачиќ открива какви биле финансиските проблеми во Вардар, вели дека 21 месец немаат земено плата и дека добиле ветување дека до 1 септември сите долгови ќе бидат намирени.

Хрватот е еден од неколкуте ракометари што ќе го напуштат Скопје откако пред неколку месеци им беше кажано дека слободно можат да си бараат нова средина поради финансиските проблеми со кои се соочува клубот.

По чудото што Вардар го направи во Келн и новата освоена титула во Лигата на шампионите, беше најавено дека клубот сепак нема да пропадне и ќе функционира и во иднина, но веќе беше предоцна за оние што си најдоа ангажман.

„Не знам дали ќе заминев доколку клубот немаше финансиски проблеми. Заљубен сум во Македонија, во Скопје и во Вардар. Ова е мојот втор дом. Жал ми е што заминувам, но можеби ќе се вратам по три години, откако ќе ми истече договорот со Кјелце. Би било одлично доколку ѝ ставам крај на кариерата во Скопје“, вели Игор Карачиќ, кој седум години го носеше црвено-црниот дрес.

„Што се однесува до финансиите, проблемите беа навистина сериозни. Немавме земено плата 21 месец. Беше тешко, имавме средба со управата и ни кажаа дека можеме да си заминеме. Но одлучивме да останеме до крајот на сезоната и да се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Другото е историја“.

Запрашан дали долговите се подмирени, тој додава: „Не, чекаме. Ни дадоа ветување дека ќе го сторат тоа до 1 септември. Верувам во Сергеј Самсоненко, тој е голем човек“.

За Ф4 турнирот во Келн, каде што Игор Карачиќ беше прогласен за МВП, Хрватот вели: „Сакав да докажам дека парите не се сè. Игравме како деца, за наше задоволство и наша радост“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе