Хрватот промовиран во полскиот тим

Карачиќ го облече жолтиот дрес на Кјелце (ВИДЕО)

Игор Карачиќ по седум години во Вардар го промени клубот, од следната сезона ќе настапува за Кјелце каде денеска и официјално беше промовиран. 

Игор Карачиќ црвено-црниот дрес на Вардар го замени со жолтиот на Кјелце кој денеска за прв пат го облече.
 
„Секогаш сакам да работам со најдобрите соиграчи и најдобрите тренери. Талант е еден од најдобрите за мене, ми одговара и шпанскиот стил. Имав и други понуди, но тука сум, во Кјелце“, вели Игор Карачиќ.
 
„Навистина ми се допаѓа атмосферата тука, публиката е фантастична како во Скопје и Веспрем. Едвај чекам да почнам и да се докажам пред оваа публика“.
 
Карачиќ веројатно ќе се размине со Циндриќ кој од следната сезона треба да игра во Барселона, но ќе настапува заедно со Алекс Душебаев кој беше дел од првата шампионска генерација на Вардар.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе