РК Вардар

Калараш стави потпис на двегодишен договор со Вардар

Тоа што претходно беше најавено, сега е и официјализирано, Глеб Калараш се врати во Вардар и стави потпис на двегодишен договор со европскиот шампион. 

Иако по крајот на сезоната замина во тимот на Мотор каде што претходно беше договорен, Калараш имаше голема желба да се врати во Вардар и таа му се исполни.
 
Играчот кој има свој голем удел во шампионската титула и официјално се врати во Вардар.
 
Завршени се сите формалности, по што тој стави потпис на двегодишен договор со Вардар.
 
„На наша голема радост и на навивачите, Глеб Калараш и во иднина ќе биде дел од Вардар. Неговата желба да се врати во Скопје се исполни, и клубот исто така е среќен што ќе може повторно да смета на услугите на пивотменот кој токму во црвено-црниот дрес ги направи најголемите успеси. Со враќањето на Глеб сигурно најмногу ќе добиеме во одбранатa со оглед на неговите квалитети кои ги покажа лани на многу натпревари. Со нетрпение ја очекуваме новата сезона во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите и заедно да чекориме кон уште успеси, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе