РК Вардар

Калараш останува во Вардар, клубот договори и нов голман

Глеб Калараш и наредната сезона ќе го носи дресот на Вардар, а во Скопје пристигнува и француски голман, Робин Кантегрел. 

Уште еден важен играч го продолжи договорот со Вардар, пивотот Глеб Калараш и следната сезона ќе биде во тимот.
 
Калараш им се приклучува на Чупиќ, Дибиров, Стоилов и Дисингер кој исто така ќе продолжат да играат за Вардар.
 
Новиот претседател Михајло Михајловски сака да го одржи високото ниво на Вардар кој ќе остане конкурентен во Лигата на шампионите.
 
Во Вардар пристигнува и нов голман, се работи за 25-годишниот Французин, Робин Кантеграл кој доаѓа од второлигашот Сесон Рен. 
 
Голманското трио на Вардар за следната сезона ќе биде Борко Ристовски, Робин Кантеграл и Марко Кизиќ.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе