МНОГУ КОМПЛИМЕНТИ ЗА МАКЕДОНЕЦОТ

Како тренерот на Нант го најави Лазаров: Тој е ракометниот Меси

Тренерот на Нант, Тјери Анти го најави Кире Лазаров како „ракометниот Меси" и вели дека со Македонецот клубот влегува во нова димензија

Изминатава недела често кружеа гласини дека Нант се обидува да потпише со Кире Лазаров и денеска пристигна официјална потврда, Македонецот во следните две години ќе настапува во Франција.

Кога пред неколку дена тренерот на Нант разговараше со медиумите од Франција за капитенот на „Црвено-жолтите“, го најави како „ракометниот Меси“.

„Тој е како ракеметниот Лео Меси” – рече Тјери Анти минатата недела. „Лазаров е голем стрелец”.

„Ги паметам неговите први натпревари со Загреб пред 15 години. Уште тогаш ме импресионираше”.

Сега откако зделката е официјална, Анти вели: „Пристигнувањето на Лазаров е многу значајно”.

„Тоа што Нант успеа да привлече играч од ваков калибар покажува каква е еволуцијата на клубот. Со Лазаров сега сме во друга димензија”.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе