По вчерашниот подвиг на „Црвено-жолтите“

Како балканските медиуми пренесоа за големата победа: Вујовиќ полуде! Македонија во пеколна атмосфера во Арена ја сруши Словенија

„Црвено-жолтите" вчера забележаа голема победа на стартот на Европското првенство и славеa над фаворизираната Словенија, подвигот на избраниците на Раул Гонзалес одекна како бомба на Балканот

Македонија го стартуваше ЕП 2018 во Хрватска со голема победа, нашите херои на колена ја фрлија Словенија, третата селекција во светот.

„Црвено-жолтите“ важеа за аутсајдери во пресрет на мечот, но со одлична игра, избраниците на Раул Гонзалес приредија големо изненадување, а овој триумф на Македонија одекна како бомба на Балканот.

„Вујовиќ полуде! Македонија во пеколна атмосфера во Арена ја сруши Словенија“ – пренесе хрватски 24сата.

„Спектакал во Арена, Македонија во фантастична атмосфера ја изненади Слвенија“ – пишува хрватски индекс.

„Драмата во жешкиот Загреб немаше среќен крај за Словенија” – напиша словенски Сиол.

„Четата на Вујовиќ мораше да ја признае надмоќта на Македонците: Лош почеток, добар крај?” – објави словенски 24ур.

„Големо изненадување на ЕП, ракометарите на Македонија го добија трилер мечот со Словенија" – пренесе српски Блиц.

Сличен наслов имаше и Република: „Изненадување во Загреб, Македонија ја шокираше Словенија на Вујовиќ.

„Подвиг на Македонија во Загреб!“ – објави Моцартспорт.

„Македонија во фантастична атмосфра ја изненади Словенија“ – гласеше насловот на босански Дневник.

„Македонија ја шокираше Словенија на Вујовиќ“ – пишува црногорскиот Вијести.

Фото: Хина

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе