По новиот рекорд кој го постави Македонецот

Јиха веднаш испрати честитка: Нема друг шутер како Лазаров, го заслужува ова!

Филип Јиха веднаш испрати честитка до Кирил Лазаров откако Македонецот испиша историја и стана најдобар стрелец на фајн-фор турнирите

Кирил Лазаров имаше извонредно издание против ПСЖ и со осум погодоци беше еден од најзаслужните за сензацијата која ја приреди Нант во првото полуфинале. Со оваа партија Македонецот испиша и историја откако со 57 погодоци стана најдобриот стрелец на фајнл-фор турнирите.

Тој го надмина постигнувањето на Филип Јиха и Момир Илиќ, а Чехот веднаш испрати честитка.

„Кирил апсолтно заслужува да биде на врвот, тој е брилијантна личност и играч. Нема друг шутер како Лазаров” – истакна Јиха.

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе