Лига на шампиони

Историски триумф, Еурофарм Работник прв пат победи во Лигата на шампионите!

По трите порази со еден гол разлика, Еурофарм Работник во четвртото коло конечно ја забележа првата победа во Лигата на шампионите откако го совлада Кокс со 31:30. 

Прва, историска победа за Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, битолскиот тим потешко од очекувањата дојде до победа против Кокс.
 
Еурофарм беше голем фаворит во овој меч и така го почна натпреварот, се одлепи уште на стартот, беше 7-3, таквата предност ја одржа до крајот на првото полувреме кое го доби со 17:13.
 
На почетокот на вториот дел Еурофарм Работник ја имаше највисоката предност 18:13, но потоа почна да се топи позитивата на битолчани. Како да имаа психолошка бариера создадена од претходните мечеви во кои губеа со лоша игра во второто полувреме.
 
Кокс комплетно ја анулираше негативата и три пати во второто полувреме имаше и предност од еден разлика, но на крајот Никола Митревски со две одлични одбрани беше херојот во завршницата за победа на Еурофарм Работник од 31:30.
 
Најмногу голови за македонскиот тим постигна Остроушко осум, пет реализираше Ојлески.
 
Идната недела на 20 октомври Еурофарм го пречекува Татран Прешов кој е единствениот тим во групата без бодови, битолчани ќе имаат нова голема шанса за победа.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе