СП 2019

Исланд немаше милост за Бахреин, победа од 18 голови разлика!

Во третото коло од Светското ракометно првенство, Исланд ја забележа првата победа откако буквално го прегази Бахреин со 36:18. 

По поразите од Хрватска и Шпанија, Исланд се истури врз Бахреин, немаа милост кон противникот и го победија со двојно поголема разлика. Особено беа моќни во второто полувреме кое го добија со 20:8.
 
Најдобар поединец кај Исланд беше Гунарсон кој даде осум голови, во составот на Бахреин, Мерза даде пет погодоци.
 
Исланд во среда игра против Јапонија, а ден подоцна е клучната пресметка против Македонија.
 
Во денешните мечеви кои се одиграа до сега, Бразил ја победи Србија со 24:22, Унгарија славеше против Катар со 32:26, Тунис го совлада Чиле со 36:30.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе