ЕП 2020

Исланд е пресилен за Русија, Белорусија ја елиминира Црна Гора

Исланд со 34:23 ја понижи Русија, Црна Гора доживеа висок пораз од Белорусија и елиминација од првенството откако загуби со 36:27, Германија се изнамачи со Летонија, победи само со 28:27. 

Вардар рано ќе го наполни тимот, Русија остана само со теоретски шанси за пласман во следната фаза, но не и реални откако денеска доживеа дебакл против Исланд.
 
Исланѓаните и одржаа лекција на Русија, беа доминантни од почетокот до крајот и победија со фантастични 11 голови разлика.
 
Головите доаѓаа од сите страни, по шест гола постигнаа Петерсон, Гудјонсон и Елисон, Палмарсон немаше потреба да игра. 
 
Од вардаровите ракометари кои играат за Русија најрасположен беше Калараш кој постигна шест голови, Шишкарев реализираше четири пати, Атман даде два гола, Дибиров еден.
 
Црна Гора го одигра и последниот меч на Европското првенство, загуби убедливо од Белорусија со 36:27 и го заврши настапот.
 
Црногорците од три меча имаат два порази, покрај денешниот од Унгарија, загубија и од Хрватска, а победата им е над Србија.
 
Криштопанс даде седум гола против Германија, а Летонија го измачи фаворитот. Германците победија само со еден гол разлика, 28:27.
 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе