ДАВИД ДЕЈВИС СЕ ОТКАЖА ОД ВАРДАРКИ

Ирина Дибирова нов тренер на ЖРК Вардар

Тренерска смена во женскиот ракометен тим на Вардар, Давид Дејвис го напушти кормилото, а на негово место доаѓа Ирина Дибирова во играчката кариера позната како Полторатцкаја.

Поранешната трикратна светска шампионка, Ирина Дибирова која има и два трофеи во Лигата на шампионите е нов тренер на ЖРК Вардар.
 
„Ирина Дибирова  од денеска ја превзема екипата, заедно со Аце Станковски кој останува помошник во женската екипа. Досегашниот тренер Давид Дејвис, на негово барање, се враќа во првиот машки тим и ќе продолжи да работи со Раул Гонзалез“ - стои во соопштението на Вардар.
 
Ирина која е сопруга на Тимур Дибиров, своето дерби ќе го има во сабота во последното коло од групната фаза кога Вардар игра против Турингер.
 
Ирина Дибирова
родена: 12 март 1979
Играчка кариера:
1997-2000 Источник (Ростов на Дон)
2001 - 2004 Лада Толјати
2004 - 2006 Слагелсе (Данска)
2006 - 2010 Звезда Звенигород
 
Клупски постигнувања
Првак на Русија (1998, 2002, 2003, 2004, 2007)
Првак на Данска (2005)
Победник на лига на шампиони (Слагелсе - 2005, Звезда - 2008)
Победник на Куп на ЕХФ (2006)
Победник на КПК (2002)
 
Репрезентативни резултати
Светски првак (2001, 2005, 2007)
Сребро на ЛОИ (2008)
Сребро на ЕП (2006)
Бронза на ЕП (2008)

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе