Познати противниците на СП 2019

Ждрепка по мерак на фановите, Македонија за противник ги доби Червар и Хрватска!

Попладнево во Копенхаген беше извршена ждрепката за Светското првенство во ракомет, Македонија се најде во Групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија

„Црвено-жолтите“ на СП  2019 ќе играат во Минхен откако денешната ждрепка во Копенхаген не смести во Групата Б.

Најголемиот дел од фановите сакаа Македонија да игра против својот поранешен селектор Лино Червар, кој сега е на кормилото на Хрватска и ждрепката не спои токму со „Коцкастите“.

Раул Гонзалес исто така ќе има прилика уште еднаш да се пресмета со својата Шпанија која е актуелен европски шампион. Во нашата група уште се најдоа и репрезентациите на Исланд, Бахреин и Јапонија.

Целосната ждрепка:

ГРУПА А (Берлин): Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја

ГРУПА Б (Минхен): Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија

ГРУПА Ц (Хернинг): Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, С. Арабија

ГРУПА Д (Копенхаген): Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе