Признание за вардаровиот ракометар

Игор Карачиќ е во тимот на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Игор Карачиќ беше главен играч на Вардар на теренот во Сегед, неговата добра партија не остана незабележана и од медиа тимот на ЕХФ, тој се најде во тимот на колото.

Карачиќ одигра феноменална партија и во Скопје, а нивото го задржа и во Сегед, постигна осум гола и беше најдобар вардаров ракометар на теренот.
 
Тој се најде во тимот на колото како најдобар плејмекер. Видеото од најдобрите седум можете да го погледнете ТУКА.
 
Тим на колото:
 
Лево крило: Хампус Ване (Фленсбург) 
Лев бек: Ласе Андерсон (Барселона)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Драган Гаиќ (Веспрем)
Пикер: Бенсе Банхиди (ПИК Сегед) 
Голман: Перез де Варгас (Барселона
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе