Супер Глоуб

И во вториот обид Вардар остана без финале на Супер Глоуб, пораз од Кил

Вардар и во второто учество на Супер Глоуб не успеа да го помине полуфиналето, овој пат загуби од Кил со 34:30.

Европскиот шампион не беше на своето ниво, Вардар одигра лош меч, особено во второто полувреме и на крајот заслужено е елиминиран во полуфиналето.
 
Натпреварот почна добро, Вардар имаше предност и од три голови разлика, 14:11 но тука застана. Кил направи серија од 6:1 и го сврте мечот, на полувремето замина со предност од 19:17.
 
Во второто полувреме Вардар ја покажа сета своја немоќ, а големи заслуги за тоа имаше и голманот на Кил, Ландин кој фати неколку фантастични топки во серија и го откажа македонскиот тим.
 
Во еден момент Вардар губеше и со двоцифрена негатива, но до крајот направи серија на погодоци и само се спаси од дебакл. Дојде до пораз од четири голови разлика, 34:30.
 
Крилата на Вардар беа најефикасни, Дибиров, Шишкарев и Чупиќ постигнаа по пет голови. Нашиот тим немаше одговор за Билик кој даде девет погодоци, Екберг постигна шест.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе