И ракометот оди во мирување поради новите ковид-19 протоколи

Исто како и фудбалот, ќе нема ниту ракомет престојниот викенд, причината е новите ковид-19 протоколи кои ги донесе Владата. 

Фото: РК Металург
Според новиот протокол, секој клуб во било кој спорт пред одигрување на натпреварите ќе треба да направи тестови на сите играчи во својот тим. Трошокот паѓа на клубовите, освен ако федерацијата не сакаат финансиски да помогнат. 
 
Ракометната федерација на Македонија излезе со соопштение дека натпреварите во Супер и Првата машка ракометна лига и натпреварите од Женската ракометна лига ги става во мирување.
 
Мирувањето се должи на измените на општиот протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со ковид-19.
 
Претходно Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека натпреварите кои требаше да се играат овој викенд се одложени за наредниот.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Металург

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе