Лига на шампиони

И овој Вардар е моќен, „црвено-црните“ си поиграа со Кристијанштад!

Вардар покажа дека победата против Монпелје во првото коло не беше случајност, „црвено-црните“ одиграа фантастичен меч против Кристијанштад и буквално го уништија противникот со 33:25 забележувајќи ја втората победа во Лигата на шампионите.

„Новиот“ Вардар има моќен старт во Лигата на шампионите, откако денеска во голем стил го надигра Кристијанштад и го победи со осум голови разлика, но можеше и со многу повеќе.
 
Ракометарите на Парондо функционираа беспрекорно, а тргнаа фуриозно уште од самиот почеток. По пет минути игра веќе беше 6-0 за македонскиот шампион, Кристијанштад првиот погодок го даде во шестата минута.
 
Во првото полувреме Вардар на два пати имаше предност од десет голови разлика 15:5 и 18:8, на одморот замина со водство од 19:10.
 
Во второто полувреме машината на Вардар продолжи да функционира на највисоко ниво, во неколку наврати црвено-црните дојдоа до 11 голови разлика, а изнудуваа и стоечки овации од публиката во текот на натпреварот. 
 
Во последните десетина минути Роберто Парондо шанса им даде на тие со најмала минутажа, па на теренот во ист момент беа голманот Кизиќ, Мишевски, Поповски, Недановски, Војводиќ... но и тие одлично се носеа со противникот. Конечниот резултат гласеше 33:25.
 
Најдобар стрелец бешеИван Чупиќ со седум голови, Борозан постигна пет, Дибиров четири. Милосављев имаше девет одбрани.
 
Салата „Јане Сандански“ беше половично исполнета, но атмосферата беше одлична, навивачите во текот на целиот меч гласно го бодреа Вардар кој заслужи тоа.
 
Следниот натпревар на Вардар е на 29. септември кога му гостува на Веспрем.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе