И групата Б оди на пауза, ракометот во Македонија повторно е во прекин поради ковид-19

Ракометната федерација на Македонија реши да ја стави и групата Б во мирување поради новите случаи на коронавирус. 

Најпрво беше ставена во мирување само групата А бидејќи клубовите кои пријавуваа позитивни случаи на коронавирус доаѓаа од оваа група. Но проблемот се рашири и во клубовите од групата Б, па РФМ одлучи комплетно да го стави ракометот на пауза.
 
„Согласно добиените информации од учесниците во домашното првенство во ситем на натпревари во машка Супер лига (Група Б) сезона 2020/2021 година, за следење на здравствената состојба на играчите и стручниот штаб, по сугестија од надлежните државни органи како и согласно општите превентивни мерки за спречување и ширење на ковид-19 и протоколите кои произлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување и ширер на ковид-19, Ве информираме дека системот на натпреварување од Група Б во која се натпреваруваат: РК Бутел, РК Металург, РК Работнички, РК Младост, РК Прилеп, РК Еурофарм Пелистер 2 и ГРК Тиквеш е ставен во мирување од 15 дена“, стои во соопштението на РФМ испратено до клубовите.
 
Тие најавија дека ќе биде организирано тестирање за ракометарите пред да почне повторно да се игра ракомет.
 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе