Според хрватските медиуми

Хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“

Според хрватските медиуми, ракометарот на Бутел Денис Тот, кој е во критична состојба, бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од инцидентот се избришани. 

Хрватскиот ракометар на Бутел, Денис Тот, се наоѓа во критична состојба откако вчера во раните утрински часови бил однесен во болница со тешки повреди по телото.
 
Според хрватскиот портал „Вечерњи новости“, ракометарот бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.
 
Тот во клиничкиот центар бил донесен во бесознание со повеќе повреди по телото предизвикани од тапи предмети. Има и неколку скршеници. Во моментов е во кома и се бори за живот.
 
Родителите на Денис Тот од Хрватска допатувале во Скопје, а од МВР има најава дека денеска ќе кажат повеќе детали за инцидентот.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе