СП 2019

Хрватска сепак е посилна, прв пораз на Македонија на СП

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Светското првенство откако загуби од селекцијата на Хрватска со 31:22.

 
Во третиот натпревар на Светското првенство го доживеавме првиот пораз. Македонските ракометари немаа сили да направат изненадување против посилната  селекција на Хрватска.
 
Натпреварот беше интересен и од тактичка гледна точка, Раул Гонзалес во текот на целиот меч играше со „седум на шест“, а Лино Червар тоа го правеше во најголемиот дел.
 
На почетокот од мечот дуелот беше изедначен, но како одминуваше времето Хрватска почна да се одлепува, на одморот се замина со негатива за Македонија од пет голови разлика, 11:16.
 
Во второто полувреме бевме подобри, играта на теренот беше порамноправна, неколку пати дојдовме до минус три гола разлика, но откако стана јасно кој е победникот, Раул направи неколку измени а Хрватска го искористи тоа за да ја зголеми предноста и на крајот да победи со убедливи 31:22.
 
Манасков со шест голови беше најефикасен во составот на Македонија, четири погодоци постигна Кире Лазаров, Борко Ристовски имаше девет интервенции. За Хрватска Дувњак даде пет гола, Карачиќ четири.
 
Во четвртото коло Македонија игра против Шпанија, тој меч се игра во среда со почеток од 20:30 часот.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе