ЕП Хрватска 2018

Хрватска отвори моќно, домаќинот ја потопи Србија на стартот (ВИДЕО)

Хрватска го имаше посакуваниот влез на Европското првенство, ракометарите на Лино Червар одиграа одличен натпревар и со 32:22 ја победија Србија.

Големото соседско дерби помеѓу Хрватска и Србија заврши со очекуваниот епилог, домаќините одиграа меч на највисоко и го срушија вечниот ривал со десет голови разлика.
 
Хрватска постојано имаше водство, но во голем дел од првото полувреме Србија добро се држеше, во 25. минута беше 10:9 за домаќините кога почнаа серија од 4-0 за на одморот да заминат со предност од 14:9.
 
Во второто полувреме иста слика на теренот, Хрватска доминираше, функционираа речиси сите позиции на теренот, особено крилните од каде Штрлек и Хорват ја полнеа мрежата на Србија.  Хрватите имаа тотална контрола на натпреварот и на крајот заслужено славеа со 32:22.
 
Лука Степанчиќ имаше фантастичен натпревар со шест голови од шест шутеви, исто толку погодоци запиша и Штрлек. Во првото полувреме одличен беше и Лука Циндриќ кој заврши со четири од четири, а голем доприност даде и Игор Карачиќ кој даде два гола, но имаше неколку фантастични асистенции. Во селекцијата на Србија Ненадиќ постигна шест голови.
 
Црна дамка за Хрватите беше повредата на Домагој Дувњак во финишот од натпреварот, со помош од соиграчите мораше да го напушти теренот, а не престана да поткривнува ниту по крајот на мечот.
 
 
 
 

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе