ЕП 2020

Хрватска лесно се справи со Австрија, Шпанија убедлива против Чешка

Хрватска ја оправда фаворитската улога против домашната селекција на Австрија и победи со 27:23, Шпанија со убедливи 31:25 ја совлада Чешка. 

Мечот меѓу Хрватска и Австрија беше неизвесен само во воведниот дел. Домаќините водеа со 4-3, по што следуваше серија на тимот на Червар од 5-0. Тука прекина неизвесноста која ја немаше до самиот крај.
 
Хрватска постојано водеше, повеќе пати и со шест голови разлика, на крајот победи со 27:23.
 
Хорват со шест голови беше најефикасен кај Хрватска, по пет постигнаа Циндриќ и Дувњак. За Австрија Вебер реализираше шест гола, Билик постигна три, Божовиќ само два.
 
Шпанија уште полесно се справи со Чешка. Шпанците имаа водство и од десет голови разлика, на крајот Чесите успееа само да намалат на -6. Конечниот резултат беше 31:25.
 
Алекс Душебаев и Фернандез постигнаа по пет голови. Најефикасен на мечот беше Здрахала со осум погодоци.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе