Уште по поразот од Аргентина, Лино Червар кажа дека си поднесува оставка и по крајот на Светското првенство веќе нема да биде селектор на репрезентацијата.
Управниот одбор на ХРС ја прифати неговата оставка и веднаш најде замена. Го назначи Хрвоје Хорват за нов селектор. Тој му беше помошник на Лино Червар.
„Среќен сум, му благодарам на УО на ХРС за укажаната доверба. Низ сите години што работев со Червар собрав големо искуство и знаење кое ќе ми користи за успешно водеше на селекцијата. Знам дека одговорноста е голема, но верувам дека ќе одговорам успешно на предизвикот да ја водам Хрватска“, изјави Хорват.