Познати се четвртфиналните двојки

Хрватска доби шанса за четвртфинале, но наместо да ја искористи, доживеа дебакл

Катар ја победи Аргентина и со тоа Хрватска доби шанса со триумф над Данска да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, но избраниците на Лино Червар доживеаа катастрофален пораз од 12 голови разлика. 

По поразот од Аргентина, се чинеше дека Хрватски ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата, но денеска Катар им даде нова можност. Аргентина водеше и со седум разлика против Катар, но загуби со 26:25.
 
Тоа вечерва им даде шанса на Хрватите со победа над Данска да одат понатаму. Во составот на Данците недостасуваа неколку ракометари меѓу кои и Хансен.
 
Но, Хрватска не само што не ја искористи шансата, туку доживеа дебакл, пораз од 38:26. Хрватите добро почнаа, водеа во дел од првото полувреме, но на одморот Данска замина со предност од 17:15.
 
Во второто полувреме се случи тотален распад на селекцијата на Хрватска, овие 30 минути ги загуби со десет голови разлика.
 
Со завршувањето на денешните мечеви, составени се четвртфиналните двојки.
 
СП четвртфинале:
 
Шпанија - Норвешка
Данска - Египет
Франција - Унгарија
Шведска - Катар

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе