ЕП 2020

Херојска партија на Карачиќ, Хрватска во драматичен меч ја победи Германија

Хрватска и Германија одиграа исклучително драматичен меч кој го добија коцкестите со 25:24 и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, најдобар на теренот беше Игор Карачиќ кој постигна седум гола.

Германците водеа во текот на речиси целиот натпревар, а на крајот Хрватска се радуваше на победа.
 
Германија доминираше на теренот во најголемиот дел од мечот, неколку пати имаше предност и од пет гола разлика, по првиот дел водеше со 14:11.
 
Одлично го почнаа и второто полувреме, но како натпреварот се ближеше до крајот така Хрватска полека се враќаше во мечот и ја топеше предноста на Германците.
 
Германија имаше водство од 24:23, последните два гола ги постигнаа Хрватите и дојдоа до победа од 25:24.
 
Одбраната го реши мечот иако голманите на Хрватска имаа лош ден, Шего беше лош ако се суди по неговите перформанси во целиот меч, но на крајот одбрани напад за израмнување на Германија и голем дел од заслугите за победата од на негова адреса.
 
Херојот на Хрватска беше легендата на Вардар, Игор Карачиќ кој постигна седум голови, пет реализираше Дувњак. Кај Германците Генсхајмер, Кастенинг, Рајхман и Вебер постигнаа по четири гола.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе