Интересна изјава на Исланѓанецот

Гунарсон имал проблеми со Столе: Тешко е да се чува нивниот пикер од 140 килограми!

Македонија синоќа во Исланд извојуваше голема победа, а по мечот интересна изјава имаше Арнор Гунарсон кој е импресиониран од Стојанче Стоилов. 

Македонија со 34:33 победи на гостувањето кај Исланд, а уште една одлична партија во репрезентативниот дрес имаше Стојанче Стоилов. 
 
Исланѓанецот, Арнор Гунарсон е импресиониран од Столе, вели дека тешко се чува тој ракометар од 140 килограми.
 
„На почетокот игравме добра одбрана и ги добивавме дуелите. Тие се мачеа да пробијат, но потоа се поставија во линија и ги пронајдоа дупките во нашата одбрана. Едноставно не смееме дома да примиме 34 голови. Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и лесно разигруваа и постигнуваа голови. Не реши нивниот пикер од 140 килограми, навистина тешко се чува кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија вечерва“, изјави Гунарсон.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе