Квалификации за ЕП 2020

Грција падна во Струмица, Македонија на првото место ги заврши квалификациите

Македонската ракометна репрезентација со 27:23 ја победи Грција во последниот квалификациски меч за Европското првенство кој се одигра во Струмица, со овој триумф го заверивме првото мество во групата кое ќе ни предност во ждрепката.

Македонија ја оствари целта, ја победи Грција и го освои првото место во квалификациската група. Условите во салата во Струмица не беа идеални за игра, беше топло и спарно, но навивачите создаваа одлична атмосфера која им даваше ветар во грб на ракометарите кои мечот го почнаа бавно.
 
Грција отвори одлично, имаше почетничко водство кое долго го држеше, во десетата минута дојдоа до предност од три разлика 6-3, која ја имаа и во неколку наврати подоцна. Но како одминуваше натпреварот македонските играчи се будеа дури во 26. минута прв пат поведовме, беше 11:10. На полувремето имавме предност од 13:11.
 
Во второто полувреме игравме полесно, го имавме мечот под контрола, а Никола Митревски со неколку одлични интервенции ги откажа надежите на Грција за нова сензација. На крајот Македонија славеше со 27:23
 
Најдобар стрелец беше капитенот Кире Лазаров со шест голови, Пешевски и Талески постигнаа по пет погодоци. Никола Митревски имаше 11 одбрани.
 
Македонија квалификациите ги заврши на првото место со четири победи, едно реми и еден пораз.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе