Проблеми за Вардар

Горбок и Шишкарев се повредија, неизвесни се за дуелот со ПИК Сегед

Вардар е во сериозни проблеми ако не може да смета на Сергеј Горбок и Данил Шишкарев за престојните натпревари против ПИК Сегед. 

Во натпревар за рускатата репрезентација против Унгарија, ракометарите на Вардар, Горбок и Шишкарев заработиле повреди.
 
„Сергеј Горбок и Данил Шишкарев заработија повреди и во овој момент не можам да кажам дали ќе можам на нив да сметам за вториот дуел со Унгарија. Медицинскиот тим работи на санирање на нивните повреди“, изјави селекторот на Русија, Едуард Кокшаров.
 
Фановите на Вардар можат само да се надеваат дека повредите на двајцата ракометари не се сериозни и дека тие ќе бидат спремни за четвртфиналето од Лигата на шампионите бидејќи во аут за овие мечеви ќе биде и Кристијан Дисингер.
 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе