Големо признание за вардаровиот голман

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев е трансфер на сезоната!

Според специјализираниот портал за ракомет „Хендбол планет“, вардаровиот голман, Дејан Милосављев е трансферот на сезоната во ракометна Европа.

22-годишниот српски голман во Вардар дојде изминатото лето од Партизан. Во тој период си замина и Страхиња Милиќ, па Милосављев требаше да биде наследникот на Арпад Штербик.
 
Со своите перформанси, Милосављев блескаше на натпреварите во Лигата на шампионите и го навлече вниманието на себе. Тој е еден од најзаслужните што Вардар трета година по ред ќе игра во Келн на завршниот турнир.
 
„Хендбол планет“ смета дека Милосављев е најдобриот ракометен трансфер во сезонава која полека завршува. А меѓу најдобрите пет е уште еден Вардарец, Сташ Скубе кој во Вардар пристигна од ПИК Сегед се најде на четвртото место.
 
Листата на 25 најдобри трансфери според „Хендбол планет“ можете да ја погледнете на овој ЛИНК.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе