Суперлига

Големо изненадување во Битола, Вардар изгуби од вториот тим на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер 2 му нанесе сериозен удар на Вардар во домашното првенство откако во Битола го победи со 27-26. 

Вардар во натпреварот влезе како апсолутен фаворит, но се врати со наведната глава, Еурофарм Пелистер 2 водеше во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до сензационалниот триумф.
 
Вардар на овој меч настапи без Дибиров, Кевин Њокас, Кудуз... но имаше доволно силен состав за овој натпревар.
 
Црвено-црните го постигнаа првиот гол на мечот, но потоа следуваше серија на битолскиот тим за 3-1, водеа и со 6-2. На одморот се замина со водство на Еурофарм Пелистер 2 од 14-11.
 
Се чинеше дека Вардар во вториот дел ќе се врати, но не беше така, битолчани продолжија во истото темпо. При крајот на мечот шампионот дојде до израмнување 24-24, но Еурофарм Пелистер 2 не дозволи пресврт. 
 
Битолчани поведоа со 27-25, не остана многу време за Вардар кој со гол во последните секунди успеа само да намали на 27-26, што беше конечниот резултат на овој меч. Еурофарм Пелистер 2 заслужно ја славеше најголемата победа во клупската историја.
 
Павле Атанасијевиќ со шест гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2, Кузмановски и Петровиќ постигнаа по 4, во составот на Вардар Георгиевски и Тото постигнаа по 6 гола, Моралес 4.
 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе