Фантастично отворање на Европското првенство

Голема победа на Македонија, Словенија на колена пред нашите ракометари!

Македонската репрезентација имаше фантастичен старт на Европското првенство во Хрватска, нашите ракометари ја победија третата селекција во светот, Словенија, со 25:24, и најавија успешен турнир. 

Голема победа на Македонија, нашите херои одиграа одличен меч на стартот на Европското првенство и во еден драматичен и крајно неизвесен меч ја победија Словенија со 25:24.
 
Македонија тешко го почна мечот, првиот гол од игра го постигнавме дури во 13. минута од натпреварот, претходно Кире Лазаров со два гола од пенал не дозволи Словенија да се одлепи на поголема разлика од два.
 
Клучниот потег го направи Раул Гонзалез со вадењето на Борко Ристовски, на негово место влезе Никола Митревски, кој со серија фантастични интервенции им даде крилја на нашите ракометари.
 
Македонија имаше фуриозен финиш на првото полувреме, со серија од 3:0 успеавме да дојдеме до реми на одморот, 11:11.
 
За разлика од првиот дел, нашите ракометари имаа одлично отворање на второто полувреме, ја продолжија серијата без примен погодок, му дадоа уште четири гола на противникот за низа од 7-0 и водство од 15:11.
 
Словенија првиот гол во второто полувреме го даде дури во шестата минута од натпреварот во момент кога Македонија имаше тројца исклучени ракометари. Словенците влегоа во минисерија и резултатски се изедначија, натпреварот повторно влезе во неизвесен тек.
 
Многу тензија, напнатост и игра на нерви сѐ до самиот финиш на натпреварот, во кој нашата репрезентација беше поуспешна и дојде до победата од 25:24.
 
Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум гола, седум постигна Кире Лазаров. Никола Митревски беше еден од хероите на мечот, нанижа девет обрани, Борко Ристовски имаше четири.
 
Ова е голема победа на Македонија, која носи важни бодови и надеж за висок пласман на Европското првенство.
 
Од Загреб: Ристе Ѓорѓиевски

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе