СЕХА лига

Голема победа на Еурофарм Работник, Веспрем падна во Битола!

Силниот тим на Веспрем на колена во Битола, Еурофарм Работник ја забележа својата најголема победа од постоењето, славеше со 26:24.

Веспрем влезе како голем фаворит на гостувањето кај Еурофарм Работник, но работите не се одвиаа онака како што посакува унгарскиот тим.
 
Тимот на Давид Дејвис не е во најдобра форма во последно време, а тоа знаеше како да го искористи Еурофарм Работник, одигра фантастичен меч и дојде до голема победа.
 
Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол до 4-4 а потоа следуваше црн период на Веспрем во кој Еурофарм Работник направи серија од 5-0 и се одлепи на 9-5. До полувремето го зголеми водството, на одморот се отиде со 14-8.
 
Во второто полувреме Веспрем успеа релативно брзо да се врати, во 47. минута беше 19-19, но Еурофарм Работник не падна како што многумина очекуваа, го врати водството, го задржа до крајот и заслужено славеше со 26-24.
 
Ловро Јотиќ со осум гола беше најпрецизен во составот на Еурофарм Работник, Стјепановиќ даде пет гола. Никола Митревски имаше фантастично прво полувреме со 11 одбрани, во второто додаде уште една. Кај Веспрем Гајиќ постигна девет голови, Манасков реализираше три пати.
 
По оваа победа Еурофарм Работник е прв во групата Б, Вардар е прв во групата А, а тоа е показател за доминацијата на македонскиот ракомет.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе