Голден Арт сезонава со две екипи во сениорска конкуреција и над 100 ракометари во сите возрасни категории

Ракометниот клуб Голден Арт отвора нова страница на своето функционирање, со формирање на втора екипа која од оваа сезона ќе се натпреварува во првата македонска ракометна лига. 

Следејќи ја сопствената политика на инвестирање и посветување внимание во создавање македонски ракометари, создавајќи услови и можност истите да се развиваат и надоградуваат, ракометниот клуб Голден Арт од оваа сезона ќе има две екипи кои ќе се натпреваруваат во сениорските лиги во организација на Ракометната федерација на Македонија. РК Голден Арт Аеродром е екипа која ја сочинуваат млади ракометари на возраст од 16 до 19 години, голем дел од нив дебитанти во сениорска конкуренција и играчи кои треба следните две години да се стекнат со потребно искуство и вештини, со цел нивно профилирање во квалитетни ракометари кои во иднина би го носеле дресот на Голден Арт во највисок ранг на натпреварување и дресот со националните обележја. 
 
 
Голден Арт како колектив, оваа сезона, се натпреварува во најквалитетната ракометна лига и е дел од „Б“ групата, и покрај сениорските натпреварувања, за сезонава која стартуваше пријави најголем број на екипи во младински категории. Имено, оваа сезона Голден Арт ќе земе учество во младинската лига, со ракометари родени 2004-та година и помали, две екипи во кадетската лига за ракометари родени 2006-та година и помали и една екипа во пионерската лига на ракометари родени 2008-ма година и помали, со вкупна бројка над 100 ракометари во сите конкуренции.
 
 
На овој начин, клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром покажува дека посветува внимание во развој на македонски производ, инвестирајќи голем дел од средствата од буџетот на клубот во младински категории, како клучен сегмент за производство на квалитетни ракометари и спортисти воопшто.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе