Ново засилување за „црвено-црните“

Гоце Георгиевски потпиша за Вардар

Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски и официјално е нов ракометар на Вардар, десното крило стави потпис на двегодишен договор со актуелниот шампион на Европа.

Гоце Георгиевски по три сезони во редовите на ЧСМ Букурешт се враќа во Македонија. На маса имаше понуди од Металург и Вардар, а на крајот реши да го одбере „црвено-црниот“ дрес.

Популарниот „Џомба“ денеска стави потпис на двегодишен договор со актуелниот шампион на Македонија и Европа.

Тој за стартно место на позицијата десено крило ќе се бори со Иван Чупиќ, како и младиот Ален Ќосевски.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе